Подгответе ја оваа пита која ќе го израдува целото семејство.
Питата се подготвува многу едноставно, а ќе уживате во нејзиниот вкус.
Состојки:
700 гр. јаболка
Две шолји брусница
¾ шолји шеќер
Три лажици пченкарен скроб
Лажица рендана кора од лимон
Половина лажица цимет
¼ лажичка сол
1 пакување лиснато тесто
Половина шолја житарки(корнфлекс)
55 гр. путер
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени.
Во голем сад измешајте ги исецкани јаболка, шеќер, пченичен скроб, рендана кора од лимон, цимет, брусница и сол.
Развлечете го лиснатото тесто, па потоа ставете го во подготвеното тавче, со рацете извлечете ги краевите за да ги покријат краевите на тестото.
Смесата со јаболката истурете ја преку тестото, одозгора посипете со корфлекс и нарендајте путер.
По желба направите декорација со калап срце за одозгора.
Печете додека јаболката да омекнат, 50-60 минути. Оставете ја питата да се излади половина час па послужете.