Пита со јаболка и цимет

Потребни состојки:
125 г брашно
Јајце
50 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
50 г растопен путер
фил
4 јаболка
25 г путер
Половина лажичка цимет
Прстофат мускатно оревче
2 лажички густин
45 г шеќер
1 ванилин шеќер
Сок од половина лимон


Начин на подготовка:
Тестото се подготвува така што во брашното ќе додадете јајце, шеќер, прашок за печиво, растопен путер и замесете.
Третина од тестото одвојте го и замотајте во фолија и ставете го во фрижидер, а преостанатото тесто расукајте го и префрлете го заедно со хартија за печење во тавче со пречник 15 или 17 см.
За филот:
Растопете го путерот во тава. Исечкајте ги јаболката, додајте шеќер и сок од лимон, па промешајте.
Во растопен путер додајте ги јаболката и пржете на средна температура околу 2-3 минути. Додајте цимет, мускатно оревче и промешајте. Поклопете и оставете да се вари до 12 минути, со повремено мешање. По 9 минути додајте две лажички густин. Оставете уште 2-3 минути за да се згусне. Изгмечете ги јаболката со вилушка. Филот префрлете го во тавата со тесто. Израмнете и наросете со шеќер и цимет. Преостанатиот дел од тестото ставете го одозгора. Печете на 180 степени околу 30-45 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.