Голем пожар избувнал во неделата во Стоктон, Калифорнија, зафатил две згради во кои неколку станови се потполно уништени, а за трагедијата да биде помала била заслужна Саша, женка питбул, куќен љубимец на семејството Чаи.
Сопственичката на песот, Нана, била разбудена од Саша околу 22 часот. Цвилела и скокала по излезната врата на станот, обидувајќи се да ја предупреди на огнот, кој се ширел со страшна брзина.
Видов како и со забите држи пелена. За тоа време пожарот веќе го уништил станот на нашите соседи, а Саша се’ посилно лаеше. Не ми беше ни на крај памет дека се обидува да ме предуреди на пожар, раскажува Нана за телевизијата „Фокс 40“.
Сепак, станала од креветот за да провери што се случува. Имала што да види. Соседството горело. Панично тргнала кон спалната во која спиела нејзината седуммесечна ќеркичка. Влегувајќи во собата, Нана видела како Саша веќе се обидува да го спаси детето, така што го извлекувала од креветот држејќи ја за пелената.
Благодарение на Саша, во последен момент излеговме од станот. Ги предупредивме и другите соседи што беа останати во зградата. И го должиме животот на Саша, без која веројатно немаше на време да се извлечеме од огнот – вели Нана.
Нивниот стан е целосно изгорен, заедно со мебелот и другата покуќнина.