„ПичПрич“ и Румена Бужаровска на фестивалот „Крокодил 2024“ во Белград






Во склоп на 16-тото издание на книжевниот фестивал „Крокодил“ што ќе се случува во Белград од 21 до 23 јуни, ќе се одржи ПичПрич, еден од најуспешните и најспектакуларни книжевни женски перформанси во регионот, чија координаторка е Румена Бужаровска.

Ова е единствен настан од ваков тип кој на едно место ги собира исклучителните жени кои со своите приказни и хуморот ги разбиваат застарените патријахални вредности на системот и друштвени норми. Перформансот стана синоним за храброст, креативност и критика на општествените предрасуди и пружа платформа за да се слушнат сите оние гласови кои најчесто остануваат во сенка.

Покрај Румена Бужаровска, на настанот ќе збооруваат и Јелена Вељача, Лила Милич, Мима Симич, Јелисавета Благојевич, Маркиза Де Сада и Јана Јакимовска.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: