Плазма шејк: Кога ви се јаде нешто слатко, а немате многу време, ова е идеалното решение за вас

Сите намирници кои ви се потребни за овој неодолив рецепт очигледно веќе ги имате дома.

Состојки:

  • 100 грама мелена плазма;
  • 30 грама какао;
  • 4 децилитри ладно млеко;
  • 1 лажица слатка павлака (течна, нематена);
  • Чоколаден прелив.

Подготовка:

  1. Плазмата, млекото, какаото и слатката павлака ставете ги во блендер и добро соединете ги.
  2. На краевите од чашата ставете чоколаден прелив.
  3. Ставете го шејкот во чашата и украсете со шлаг.

На крај ви останува само да уживате во ова прекрасно и слатко задоволство.

На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.