Плескавица од компир

Состојки
750 гр. пире од компир
1 јајце
5 лажици сецкан магдонос
3-4 лажици лебни трошки
3 лажици брашно
2 чешниња сецкан лук
1 поголема глава кромид
50 гр. сув сецкан домат
на вкус сол, бибер, сув зеленчук

– Исецкајте го кромидот на поситно и ставете на малку масло да се пржи до негово застаклување и кога рабовите ќе почнат сосема малку да ја менуваат бојата, со решетка лажица извадете да се исцеди.
– Во веќе подготвеното пире додадете ги сите состојки, овкусете на сол, измешајте. Нека се добро спојат сите состојки. Од вас одредена големина вадете од пирето и на побрашнета површина формирајте сакате ќофте или плескавица, валкајте ги повторно во брашното и ставете на малку загреано масло да се пржат околу 4-5 мин. за кое време сте ги и превртеле.


НАПОМЕНА
– Ова можете да го подготвите и од пирето кое евентуално ви останало, јас го правам пирето така што го пасирам со преса сварениот компир, додавам на вкус и зависно од количината која ја приготвувам, млеко, путер – сето тоа го бркам на оган да се спојат млекото со пирето, да се стопи путерот, тргам на страна и тогаш го додавам јајцето, но постојано бркам. Понекогаш ставам и сирење или кашкавал во нив… но најповеќе ги сакаме вакви.
– Ако ги правите од остаток од пирето – пожелно да го малку подгреете како би полесно работеле со него.
– Ги валкам во пченкарно брашно.
– Најчесто до нив стои некој сос на база на кисела павлака или јогурт, кисели краставички… што не значи дека не одговара сезонска салата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.