Плескавици од леблебија

Состојки
300 гр дмБио леблебии
½ главица кромид
4 чешниња лук
1 зелена пиперка
3 лажици маслиново масло
3 моркови
8 лажици замрзнат грашок
2 лажици сецкан магдонос
1 лажица сецкан копар
5 лажици јачменово брашно
1 лажиче мешан сув зачин
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче куркума
1/2 лажиче црн бибер

1. Морковот го чистиме и сецкаме на мали коцки. Го ставаме во сад со вода и сол да се вари. Го додаваме и грашокот да омекни .
2. Леблебијата ја чистиме од лушпите.
3. Во процесор за храна ги ставаме дмБио леблебиите, ги ситниме. Ги додаваме кромидот сецкан на крупни парчиња, лукот, пиперката исецкана на парчиња и маслиновото масло. Блендираме.
4. Изблендираната смеса ја ставаме во длабок сад, ги додаваме исцедените моркови и грашок, магдоносот, копарот, солта, куркумата, мешаниот сув зачин и црниот бибер. Промешуваме. Го додаваме и јачменовото брашно. Мешаме. Од смесата формираме плескавици со влажни раце затоа што смесата е малку леплива, Ги ставаме во плех обложен со хартија за печење.
5. Печиме во загреана рерна на 180 степени 35 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.