Веднаш штом заврши реално шоу и Ива повлекла извесна сума од парите од наградата што ја освоила, отишла во позната поликлиника, каде претрпела целосен ремонт на лицето.
– Ива беше незадоволна од лицето. Ботоксот што го имаше претходно целосно беше опаднат, како и нејзиниот тен на кожата. На челото и се појавиле брчки и добила подбрадок, па веднаш штом ја напушти „Задруга“, ја побара најдобрата клиника каде може да ги реши своите проблеми – изјави извор близок на Ива. Како што ни кажа , на нејзина помош и дошла Сања Станковиќ, која ја однела кај нејзиниот лекар, а по неколку часови поминати на клиниката, Гргуриќ доби сосема нов, непрепознатлив изглед.
– Тие и направија целосна реконструкција на нејзиното лице или т.н. контурирање. Тие и ги наполниле образите со хијалуронска киселина, и го исправиле носот со истиот филер и одредена количина додале и на брадата, така што и го издолжиле лицето. Исто така, тие и ставиле ботоксот околу очите и челото, така што сега таа веќе нема брчки.
Ива била многу задоволна од нејзиниот нов изглед, особено поради фактот што овие интервенции се безболни, а резултатите се веднаш видливи. Таа исто така избегна да оди под нож.
https://www.instagram.com/p/CCqMsbWpo0U/
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.