Повеќе не правам јајца на око, сите ми го бараат само овој рецепт за појадок

Состојки:

2 поголеми компири
1 краставица
1 црвена пиперка
½ китка млад кромид
3 јајца
1 лажичка сол
½ лажичка црн пипер
60 г брашно


ПОСТАПКА:
Компирите излупете ги и изрендајте ги, па ставете ги во сад со вода. Краставицата исто така изрендајте ја, а младите кромитчиња ситно исечкајте ги. Додадете и ситно сечкана црвена пиперка.
Компирите исцедете ги добро од водата, па заедно со другиот зеленчук измешајте ги во подлабок сад. Зачинете со сол и црн пипер. Јајцата изматете ги и додадете ги во зеленчукот.
Промешајте и додадете 60 г брашно. Изедначете ја смесата. Во тава со малку загреано масло ставете ја смесата во тенок слој како подебела палачинка и рамномерно израмнете врз целата површина. Поклопете и пржете по 4 минути од двете страни. Послужете топло. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.