Подгответе го најдобриот посен славски колач за Свети Никола: Овој рецепт домаќинките го чуваат како суво злато

Празничната трпеза е незамислива без празничниот колач, а овој посен славски колач толку е мек и вкусен што сугурно ќе ги воодушеви сите присутни на трпезата.
Состојки:
– 1 кг. брашно
– 500 мл. газирана вода
– 40 г. свеж квасец
– 4 лажици шеќер
– 3 лажици сол
– 9 лажици масло
Украси:
– 100 гр. брашно
– 100 гр. густин
– 100 мл. вода
– малку сол


Подготовка:
Газираната вода загрејте ја да биде млака, ставете го шеќерот и квасецот да надојде. Брашното измешајте го со останатите состојки, додадете го киселиот квасец и замесете меко тесто кое не се лепи на рацете. Покријте го тестото и оставете го да достигне волумен.
Поделете го тестото на две топки. Од едната топка направете плетенка која ќе ја ставите на краевите на подмачканиот кружен плех, а во средина ставете ја другата топка. Површината на славскиот колач премачкајте ја со 2 дл. вода и 2 лажици брашно, за поубав сјај и боја, а и украсите подобро ќе се залепат.


Украсите направете ги од мешавина од мекото брашно и густинот со малку сол и вода за потврдо да се измеси тестото. Растегнете го тестото што е можно потенко. Обликувајте по желба и држете ги украсите покриени додека не се залепат на колачот.
Колачот оставете го 30 минути покриен на топло место за убаво да нарасне. Доколку тоа не го правите надвор од рерната, тоа во рерната нагло ќе нарасне и ќе се распукне.
Загрејте ја рерната на 200 степени и печете го славскиот колач 15 минути, па намалете ја температурата на 180 степени, прекријте ја површината со хартија за готвење и продолжете со печење уште 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.