Поддржуваме нивелирање на платите за високото образование






Демократската унија за интеграција дава целосна поддршка на иницијативите поврзани со зголемување на платите во секој образовен циклус, овозможувајќи преку Министерството за образование, штом ќе се завршат конкретните процедури на сите јавни универзитети да има нивелизирање на платите.

Демократската унија за интеграција преку својата пратеничка група предложи измена на соодветниот Закон со кој ќе се изедначат платите и истиот се очекува да биде пуштен во процедура на посебна седница на Собранието.

Воедно, ги повикуваме сите политички партии да ја поддржат оваа иницијатива за да се направи ефикасно решение за сите вработени во високото образование во државата.

Унапредувањето на високото образование е една од важните цели на ДУИ. Континуирано работевме на создавање услови за развој на образовниот процес.

За време на мандатот на ДУИ се инвестираше во двата државни универзитети на албански јазик, на Тетовскиот Универзитет и на Универзитетот „Мајка Тереза“, во насока на создавање услови и екипирање на академскиот кадар.

Пред само неколку месеци беше пуштен во употреба “Студентскиот Дом” во Тетово, објект со современи услови.

Демократска унија за интеграција

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: