Подобрете го природно имунитетот со помош на овој сок

Иако сите нема да бидат одушевени од вкусот на цвекло, сокот може да го мешате со различно овошје и на тој начин да го замаскирате за да биде повкусен.
Сокот од цвекло е идеален за детоксикација на организмот, го отстранува чувството на умор и стрес, а скорешни истражувања покажаа дека е одличен и во превенција на развој на канцерогени клетки.
Потребни состојки за идеален сок од цвекло за подобрување на имунитетот:
-1 кг цвекло
-1 кг морков
-1 кг зелени јаболка
-1 кг лимон
-1 кг мед
Начин на подготовка:
Измијте се добро, а лимонот ставете го во млака солена вода за да се извлече горчливото од кората. Од јаболката отстранете ги дршките и средината. Ништо не се лупи. Сето се соединува и миксира, да отстои 24 часа.
Сокот се цеди низ газа и се додава медот. Сокот се чува во стаклени шишиња и во фрижидер. Треба да пиете по 0.3 дл трипати дневно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.