Позната е причината за смртта на македонскиот планинар

Loading...

Доктор Ѓорги Петков од Гевгелија не успеа да стаса до највисокиот врв на светот. Тој починал од срцев удар пред да се искачи на Монт Еверест, на височина од 7200 метри. Трагичната вест ја прво беше објавена од страна на официјалните претставници на базниот логор, а потоа истата ја потврдија и од неговото матично друштво Кожуф од Гевгелија.
63 годишниот алпинист бил на последниот, трет камп и се подготвувал за финалното искачување на највисокиот светски врв од 8848 метри, но за жал не успеал.Од планинарското друштво Кожуф велат дека се во шок и неможеле да поверуваат кога биле контактирани од претставник на експедицијата во Непал.
-Ни беше соопштено дека смртта настапила како последица на срцев удар во кампот 3 на надморска височина од 7200 метри, вели Александра Караманова,секретар на планинското друштво Кожуф, Гевгелија.
Од Планинарското друштво Кожуф велат дека сега најголемиот проблем ќе биде враќањето на телото на нивниот колега во Македонија кое ќе чини 40 000. Според последните ининформациите кои тие ги добиле, доктор Ѓорги Петков имал осигурување, но истото покривало само до 25 000 евра, додека другиот дел треба да го покрие семејство.
-Последните вести кои што пристигнаа од Непал во врска со транспортот на телото на Ѓорги се дека чини 40.000 евра од кои што 25 000 евра ги покрива осигурителната компанија, а остатокот останува да го покрие фамилијата и најблиските, вели Карамова.
Петков досега бил дел од голем број експедиции и ги има искачено поголемиот дел од највискоите врвови. За патот кон покривот на светот како што го нарекуваат Монт Еверест се подготвувал неколку години. Тргна на 24 март како дел од меѓународна експедиција која беше предвидено да трае три месеци.
Тој требаше да биде биде петтиот Македонец кој ќе го освои Монт Еверест, после Димитар Иливески Мурато кој почина на симнување од планината, докторот Сашко Кедев, Здравко Дејановиќ и Илина Арсова.

loading...