Пожарите во Франција се шират! Стотици илјади луѓе мораа да напуштат сè, војската ја презеде контролата

Пожарот што беснее во департманот Жиронд на југозападна Франција принуди евакуација на околу 220.000 луѓе , додека пожарот се шири под влијание на силни ветрови и сува вегетација.

Префектот Софи Брокас истакна дека формирањето на пирокумулонимбусни облаци е забележано во вечерните часови, со појава на нови жаришта пред главниот фронт на пожарот, што дополнително ја комплицира ситуацијата.

Француската министерка за одбрана, Катрин Вотрен, објави дека сите три гранки на вооружените сили се ангажирани во помагањето на цивилните служби. Мобилизирани се 1.500 војнициоколу , а улогата на армијата е клучна во евакуацијата и преместувањето на луѓето, со употреба на автобуси и возачи.

Воздухопловните сили распоредија хеликоптери, беспилотни летала и воени авиони за транспорт на опрема, додека морнарицата веќе евакуираше околу 1.300 луѓе помеѓу Кејп Ферет и Аркашон.

Според извештајот на BFM TV, ветровите што достигнуваат брзина и до 40 километри на час дополнително ја влошуваат ситуацијата додека локалните власти се борат да го локализираат пожарот.
The post Пожарите во Франција се шират! Стотици илјади луѓе мораа да напуштат сè, војската ја презеде контролата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: