Познато е во кои термини ќе игра Македонија на Евробаскетот 2013

Loading...

ФИБА Европа и организаторите на Европското првенство во кошарка, ја соопштија сатницата според која ќе се играат натпреварите на шампионатот.Македонската репрезентација, која во Словенија, ќе го брани четвртото место, освоено на претходното Европско првенство еден натпревар ќе одигра во 17:45, два во вечерниот термин од 21 часот, а два средби ќе игра во попладневниот термин од 14:30 часот.Првиот натпревар на Европското првенство, македонските кошаркари ќе го одиграат против Црна Гора, на 4.септември во 17:45 часот.Следните две средби Македонија ќе ги одигра од 21 часот – на 5.септември против Литванија и ден подоцна против Србија.Последните две средбо во Б групата против Босна и Херцеговина и Летонија, Македонија ќе ги одигра на 8. и 9.септември со почеток во 14:30 часот.Група Б, распоред:1.коло (4.септември): Летонија-БиХ, 17:45 Македонија-Црна Гора, Србија-Литванија2.коло (5.септември): Црна Гора-Летонија, БиХ-Србија, 21:00 Македонија-Литванија3.коло (6.септември): БиХ-Црна Гора, Летонија-Литванија, 21:00 Македонија-Србија4.коло (8.септември): 14:30 Македонија-БиХ, Србија-Летонија, Литванија-Црна Гора5.коло (9.септември): 14:30 Македонија-Летонија, БиХ-Литванија, Црна Гора-Србија.
МакфаксФИБА Европа и организаторите на Европското првенство во кошарка, ја соопштија сатницата според која ќе се играат

loading...
Loading...