Познат „виновникот“ поради кој Гакпо ќе потпише за Ливерпул

Напаѓачот од Холандија, Коди Гакпо блесна на Мундијалот во Катар со неговата репрезентација, па си обезбеди трансфер во Ливерпул, иако долго време се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед.

Специјалистот за трансфер, Фабрицио Романо објави дека Гакпо се договорил со Ливерпул и наскоро треба трансферот да биде потврден, а англиските медиуми објавија дека главен „виновник“ за тоа е тренерот Јирген Клоп.

Искусниот стратег разговарал со Холанѓанецот и му објаснил каква улога ќе има во поранешниот англиски и европски првак, а тоа му се допаднало на Гакпо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.