четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сестрите Кардашијан се евакуирани од своите домови, пожарот ја загрозил и нивната населба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сестрите Кардашијан ги напуштија своите домови во Хиден Хилс откако пожар во Лос Анџелес им се закани на нивното соседство. Ким, Курти, Клои, Кајли, Кендал, Крис и Роб ја следеа наредбата за задолжителна евакуација бидејќи пожарот Кенет се прошири за само неколку часа.Наредбата за евакуација сега е укината, па не се знае дали се вратиле во своите домови. Во акцијата за помош на пожарникарите и на сите вклучени во гаснењето и запирање на ширењето на пожарот се вклучија и сестрите Кардашијан.Тие одлучија да финансираат оброци кои беа доставени до неколку противпожарни станици во Лос Анџелес, а дополнително, тие одлучија да донираат пари на организации кои помагаат на поширокото подрачје на Лос Анџелес во процесот на опоравување од пожари.Потсетуваме, освен сестрите Кардашијан, домовите мораа да ги напуштат и многу познати личности, а на некои од нив целосно им изгорело се.Како резултат на пожарите, повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани, а пожарите уништија речиси 30.000 хектари земја, оставајќи илјадници згради во урнатини.

Поврзани вести