Полнети пиперки со ориз и киноа

Состојки
1 главица кромид
2 моркова
5 црвени пиперки може и бабури
50 гр ДМ био киноа триколоре во зрно
150гр ориз
100гр доматен сос

Киноата и оризот измијте ги и ставете ги заедно да се варат околу 20 мин.
Во тава за пржење делимано ставете масло и ставете ги кромидот и морковот да се пржат.
Ставете го доматниот сос.
Пржете некое време и зачинете.
Тргнете од оган и измешајте ги сварениот ориз и киноата.
Со оваа смеса пополнете ги пиперките, ставете ги во тава за печење, земјено тавче, ваш избор, попрскајте ги со масло и печете 45мин.
Превкусно јадење, спага во делот на посни јадења, но можете да си ги искомбинирате со пржени колбавчиња.
Исто така и здраво, киноата можете да ја компинирате со се, со просо, ориз, зеленчук, таа е супер храна, наречена дури златно зрно, која заслужува да биде често во нашето мени.
Забелешка
Имајте во предвид дека киноата нараснува во текот на готвењето, така што од една шолја киноа, ќе добиете 3.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.