За припрема на овој рецепт не ви е потребно многу време, но ни пари. Полнетите солени палачинки се многу вкусни, а еве како да ги припремите.
За припрема на тестото е потребно:
-300 мл. млеко
-2 јајца
-100 гр. брашно
-масло за пржење
-малку сол
За фил:
-100 гр. сирење
-100 гр. шунка
-1 лажичка павлака
За прелив:
-1 јајце
-1 лажичка кисела павлака
-малку млеко
-малку кашкавал
Начин на подготовка:
1.Изматете ги јајцата, додадете малку сол, млекото, брашното и малку масло и потоа добро промешајте. Пржете ги палачинките во тефлонска тава.
2.Во сад, измешајте го сирењето, шунката и павлаката.
3.Со вака подготвениот фил наполнете ги палачинките, свиткајте ги и наредете ги во тепсија, претходно премачкана со масло или обложена со хартија.
4.Изматете го јајцето со павлаката и млекото и прелијте ги палачинките, а врз нив наредете малку рендан кашкавал.
5.Печете на 200 Целзиусови степени околу 30 минути, додека палачинките не добијат златножолта боја.