За само половина час подгответе ручек кој ќе го воодушеви вашето семејство, кој освен што е превкусен, ќе ги освои поради мирисот.
Состојки:
- 400 гр. спанаќ
- 2 чешниња лук
- 1 лажица брашно
- путер
- маслиново масло
- 1 шолја млеко
Подготовка:
Прво треба малку да го измиете спанаќот, а потоа да го подготвите за варење. Потребно е спанаќот малку да омекне, а потоа да се процеди.
Потоа загрејте ја тавата и додадете го путерот да се растопи, а потоа и малку маслиново масло да се загрее. Потоа истурете го брашното во загреаните состојки.
Промешајте, па додадете ситно сечкан лук. Сега е време да го додадете спанаќот што претходно сте го свариле и сте го исцедиле.
Сите состојки се мешаат додека не се соединат, па се додава млекото и се динста уште 10-15 минути, па се трга од оган и се остава малку да се излади.
На здравје!