Една од моќните намирници и сојузници во правилната исхрана на човекот е секако грашокот. Тој не содржи многу калории и е многу богат со протеински влакна кои помагаат да се намали апетитот и прават да се чувствувате сити по оброкот.
Поединечни експерти истакнуваат дека грашокот е една од намирниците која помага во намалување на вишокот килограми.
Придобивките од грашокот се многубројни, а една од важните карактеристики (особено за дамите) е тоа што го намалува нивото на грелин (хормон кој го стимулира гладот) во организмот. Исто така, една од важните работи е што грашокот бавно се вари, а тоа ви помага да бидете сити долго време.
Предностите од протеините се многубројни, а особено е важно тоа што телото ги користи за „хранење“ на важните органи и хормони. Доколку внесувате малку протеини или речиси воопшто, вашиот имунитет може да ослабне. Грашокот е преполн со овие влакна, а исто така помага и во регулирање на шеќерот во крвта, честото мокрење и главоболките.
Влакната од грашокот можат да бидат корисни во лекување на чир на желудник, проблеми со хемороиди, а помагаат и во зачувување на здравјето на срцето и крвните садови.
Одличен е доколку имате проблеми со дигестијата, бидејќи влакната помагаат во одржување на здравите бактерии во цревата – што значи дека го намалуваат нивото на лошите. Поединечни студии покажуваат дека грашокот има антиканцерогено дејство, благодарение на високата концентрација на антиоксиданси.