Повеќето жени знаат дека грутка може да биде знак за рак на дојка, но многу жени сè уште не се свесни за помалку забележливите предупредувачки знаци.
Дури половина од жените не ги забележуваат другите знаци, пишува Дејли Мејл, врз основа на истражување спроведено на илјада луѓе.
Резултатите од оваа студија покажаа дека дури 93 отсто од жените многу добро знаат дека новонастанатата грутка е еден од главните знаци за рак на дојка. Од друга страна, само мал број жени се свесни за некои други симптоми кои исто така укажуваат на овој тип на рак.
- Позната причината за пожарот на Ајфеловата кула: Властите преземаат заштитни мерки
- Касами со албанско знаме го пречека таткото на репрезентативец на Албанија
- Интересни божиќни традиции за кои не сте слушнале: Пиво, возење со ролери до црква и „сељак кој клечи“
- Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер за култура” и да не го потпише указот за двојазични лиценци
- Том Круз ја откри причината поради која секоја година на своите пријатели им подарува посебна божиќна торта
- Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна лотарија“
- СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се фалите со туѓи мерки
- Jа клоцал, ја влечел за коса па и ставил нож под грло – мајка преживеала хорор од сопствениот син
- Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ за подигање етнички тензии
Помалку познати симптоми на рак на дојка вклучуваат:
отекување на еден дел од градите
вовлекување на кожата на дојката
промени во изгледот на брадавицата
исцедок од брадавиците
чешање или црвенило на дојката
Од друга страна, овие симптоми не мора да значат дека личноста има рак на дојка, но секако се аларм кој треба да го посети лекар доколку забележиме нешто од наведеното.
Покрај препознавањето на симптомите, многу е важно и самопрегледот кој треба да се прави одвреме-навреме за што побрзо да се забележат и најмалите промени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.