Најмалку шест лица загинаа во невремето, меѓу кои и едно дете.
Метеоролозите предупредија дека уште една „атмосферска река“ од густ, влажен тропски воздух утре ќе ја зафати Калифорнија и ќе донесе дожд и снег на планините.
Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување дека кумулативниот ефект од последователните обилни дождови од крајот на декември минатата година може да го зголеми водостојот на реките на рекордно високо ниво и да предизвика поплави во поголемиот дел од централна Калифорнија.