Поранешниот полицаец убиец загинал во пресметка со полицијата

Loading...

Поранешниот полицаец од Лос Анѓелес, Кристофер Донер, осомничен за смртта на четири лица, загинал во пресметка со полицијата на планината Биг Бер, во близина на Лос Анѓелес.Портпаролот на шерифот за областа Сан Бернадино, изјавил дека полицијата сеуште не била во можност да влезе во изгорената колибата, во која се наоѓа телото на Донер.Поранешниот полицаец, во пресметката со полицијата во вторникот го убил заменик шерифот на областа Сан Бернандино, по што успеал да побегне и да се сокрие во колиба во местото Севен Оакс.Откако полицијата открила каде се наоѓа, колибата била опколена. Во колибата бил фрлен солзавец, за кој се верува дека го предизвикал пожарот.Донер, во 2007 година, добил отказ од полицијата во Лос Анѓелес, кога поднел тужба против колега за напад врз бездомник. Полицијата ги отфрлила неговите наводи како неосновани. Потоа Донер на својот профил на Фејсбук на полицијата и се закани со „неконвенционална и жестока војна“.  
МакфаксПоранешниот полицаец од Лос Анѓелес, Кристофер Донер, осомничен за смртта на четири лица, загинал во пресметка с

loading...