1 кг тиква
4 главици кромид
500 мл црвено вино
1 црвена пиперка
2 чешниња лук
4 лажици доматно пире
1 лажица црвен пипер
1 лажица сува мајчина душичка
1/2 лажичка ким
2 ловорови листови
масло, сол и мелен црн пипер
Тиквата исчистете ја и исечкајте ја на коцки. Кромидот ситно исечкајте го и испржете го на загреано масло во тенџере на оган. Додадете го црвениот пипер и промешајте. Пиперката исечкајте ја на коцки и заедно со доматното пире додадете ги во тенџерето. Посолете и додадете црн пипер. Потоа додадете ги виното, исечканиот лук, мајчината душичка, кимот и ловоровите листови. Варете 10-тина минути за зачините да ја испуштат аромата и додадете ги парчињата тиква. Варете додека тиквата омекне, по потреба додавајќи вода.