Потребни состојки:
-400 мл вода
-15 лажици шеќер
-20 лажици брашно
-1 прашок за пециво
-4 лажици џем по избор
-1 лажица сода бикарбона
-3 лажици какао
-8 лажици мелени ореви
Дополнително:
-4 лажици џем за премачкување на колачот
-ореви за посипување
Начин на подготовка:
Соединете ги сите состојки и ставете ја смесата во плех за печење, претходно обложен со мрсна хартија. Печете го колачот на 200 степени околу 30 минути.
Откако ќе се испече, премачкајте го со џем и посипете ореви.