Ако постите, а сакате да се заблажите со домашен десерт, овој рецепт е идеален за вас. Се прави лесно и брзо, за само 20 минути.
Потребни состојки:
– 200 г посен маргарин
– 200 г шеќер
– 25 г ванилин шеќер
– 200 мл соино млеко
– 400 г мелени посни бисквити
– 200 г кокос
-100 г посно чоколадо
Глазура:
– 200 г посно чоколадо
– 30 мл масло
Подготовка:
Во сад ставете го маргаринот, а потоа додадете го обичниот шеќер. Убаво измешајте, па додадете ги млекото и ванилин шеќерот, а потоа ставете ги на шпорет да се стопат.
Во друг сад измешајте ги мелените бисквити и кокосот, а добиената смеса измешајте ја со стопениот маргарин. Убаво соединете и поделете ја смесата на два дела. Во едниот додадете 100 г стопено црно чоколадо. Првин распоредете го темниот дел од смесата во калап, а над неа посветлата. Обликувајте ја смесата да биде цврста.
Стопете го чоколадото на масло и прелијте го преку смесата. Оставете да се олади. Кога ќе се олади, исечете на коцки и послужете.