Посни чоколадни коцки

ЗА ПАНДИШПАН
100 г маргарин
12 лажици шеќер
8 лажици мелени ореви
200 мл газирана вода
300 грама брашно
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
250 г маргарин
150 г шеќер во прав
150 г посни мелени бисквити
рендана кора од портокал
220 г шеќер
100 мл вода
200 г мелени ореви
200 г посно чоколадо
1 кесичка шлаг од чоколадо
100 мл вода
Со лажица измешајте го шеќерот со растопениот маргарин, оревите, газираната вода, брашното и прашокот за печиво. Нанесете ја смесата во тава прекриена со хартија. Печете 30 минути на 180 степени.
Маргаринот пенесто изматете го со шеќерот во прав. Додадете ги мелените бисквити и ренданата кора од портокал.
Во друг сад загрејте го шеќерот со водата. Кога ќе се стопи шеќерот, вмешајте ги парчињата чоколадо и мелените ореви. Измешајте, изладете и соединете со првата смеса.
Пандишпанот премачкајте го со тенок слој шлаг и филувајте. Премачкајте со шлаг и украсете по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.