Што е потребно за еден рецепт на ТикТок да го погледнат повеќе од 10 милиони луѓе? Очигледно парче сирење, малку зеленчук и тестенини се сосема доволни.
Рецептот за фета со шери домати кој на ТикТок го објавил „Cookingwithayeh“ има 10,1 милиони прегледи, „Feelgoodfoodie“ дополнителни 1,1 милион и „d_shaba“ има 1,3 милиони прегледи, а на Инстаграм хаштагот #fetapasta има речиси 7000 објави. Доколку на тоа ги додадете и прегледите на разни кулинарски блогови, бројката се искачува до небо…
Се верува дека рецептот првпат се појавил на интернет кога за првпат го објави финската гастроблогерка Џени Хајринен пред 2 години. Рецептот е особено омилен поради достапноста на состојките и едноставната припрема.
@khaby.lameIg:@khaby00
Потребни состојки:
– 500 гр. шери домати
– 4 чешниња лук
– 1/2 чаша маслиново масло
– поголемо парче фета сирење (200 гр.)
– 250 гр. тестенини
– зачини по желба
– сол, црн бибер
Начин на припрема:
1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени.
2. Во средина на тавата ставете ја фетата, па околу неа распоредете ги шери доматите и преполовените чешниња лук. Прелијте со маслиново масло и печете околу 40 минути.
3. Сварете ги тестенините, процедете ги и сочувајте една чаша вода во која се вареле тие.
4. По печењето, згмечете го сирењето и зеленчукот со вилушка, па додајте ги тестенините и промешајте.
5. Доколку доматите не пуштиле доволно течност, додајте ја водата од варените тестенини.
6. Додајте ги зачините по желба и сервирајте додека е топло.