Почина првата сопруга на Александар Вучиќ

Ксенија Вучиќ, позната новинарка и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ненадејно почина вечерва на 56-годишна возраст во Белград.

Засега не е позната причината за нејзината ненадејна смрт, пишува „Информер“.

„Вечерва во Белград ненадејно на 56 години почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга. За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.

Ксенија Вучиќ работеше како новинар повеќе од 30 години. Кариерата ја започна во ТВ Студио Б, а во последните години води исклучително популарни емисии на каналите на ТВ Пинк.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.