Познатиот карневал во Рио де Жанеиро започна со традиционални паради на играчи, но и со парада на неколку десетици кучиња облечени во костими на сирени, суперхерои, пеперутки и кловнови, кои среќно трчаа со своите сопственици на омилената улична забава во бразилскиот град.
Повеќе од 200 сопственици на кучиња се собраа денеска со своите миленици, на плажа во Рио, каде кучиња облечени во тул и светки учествуваа на натпреварот за најдобар костим на денот.
Кучиња од различни големини и раси радосно шетаа мавтајќи со опашот, додека организаторите ги објавуваа нивните имиња преку разглас, додека улиците беа преполни со конфети. По парадата, сопствениците на кучиња продолжија да се забавуваат во градот, каде исто така е во тек „вистинскиот“ карневал.
Петдневниот карневал е една од главните атракции на Рио де Жанеиро. Шарената парада на членовите на училиштата за самба се смета за најспектакуларната прослава од ваков вид во светот.
Бразилскиот министер за туризам вели дека 49 милиони луѓе учествуваат на карневалските настани низ целата земја. Се проценува дека околу 200.000 странци доаѓаат во Бразил на карневалот.