Поштетно е од пушење, а многумина од нас тоа го прават редовно

Познати се предностите на вежбањето, но неодамна спроведеното истражување открило дека прескокнувањето на теретаната всушност е најлошата работа која може да ја направите за своето здравје.
Поточно, научниците тврдат дека недостатокот на физичка активност е поштетен за здравјето од пушењето.
Во истражувањето објавено во магазинот „Jama“, пишува дека клиниката од Кливленд ги проучувала податоците за 122.007 пациенти од 1991-ва до 2014-та година, кои биле подвргнати на вежби на лента за трчање, а покасно биле бележани стапките на смртноста. Откриено е дека подолго и поздраво живееле оние кои биле во подобра форма.


„Високата аеробна кондиција била поврзана со пациентите кои живееле најдолго, а од неа корист имале постарите пациенти, како и оние со хипертензија“, се наведува во заклучокот од истражувањето, кој седечкиот начин на живот го споредува со опасни болести и пишува дека најдобриот лек се вежбите.
Д-р Ваел Џејбер, коавтор на истражувањето, вели дека резултатите се изненадувачки.
„Тие кои не биле фит, имале најлоши прогнози, полоши од дијабетичарите и пушачите“, изјавил Џејбер за CNN.
За истражувањето, анализирани се и „премногу активните луѓе“, а потврдено е дека оние кои повеќе вежбаат не се соочуваат со висок ризик од смрт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.