Здрав појадок готов за 10 минути.
Потребни состојки:
1 зрела банана
1 лажичка кокосово масло
1 лажичка путер од кикирики
50 г овесни снегулки
300 мл млеко
1 лажичка мелено ленено семе
1 лажичка цимет
Малку мускатно оревче
Малку сол
Начин на подготовка:
Исечкајте ја бананата и пропржете ја на кратко во кокосово масло. Додајте путер од кикирики, овесни снегулки, мелено ленено семе, млеко, цимет, мускатно оревче и сол. Варете ја кашата додека се згусне, околку 7 минути. По желба додајте парчиња кикирики, ореви, лешници или бадеми и прелијте со мед.