Појадокот е најважниот оброк, како што велат нутриционистите, а за добар почеток на денот, важно е да имате добар оброк наутро.
Кога немате време да готвите во раните утрински часови, сендвичот од рерна што ќе го подготвите брзо и лесно е идеално решение.
Состојки:
100 гр кашкавал
100 гр шунка
4 парчиња сирење
2 лажици мајонез
1 јајце
прстофат оригано
јогурт
8 кришки стар леб
2 дл млеко
зелена салата
Подготовка:
Лесно натопете го лебот од двете страни со млеко. Изматете го јајцето со јогурт и мајонез, потоа додадете оригано и рендан кашкавал и премачкајте го лебот.
На секое парче ставете лист шунка, врз него триаголници стопено сирење и преклопете го со друго парче тост.
Ставете го во загреана рерна. Печете на 200 степени од 7 до 10 минути.
Ако сакате, можете да додадете зелена салата во сендвичот. Послужете со јогурт.