Колку јајца и да сварите, скршите и поделите за Велигден, некое сигурно ќе остане кај вас. Не ги фрлајте бидејќи варените јајца се клучни состојки во рецептите за многу вкусни јадења и салати
Мимоза салата
Потребно е: 150 гр шунка, 150 гр сирење, 3 варени јајца, 1 павлака, 2 големи варени компири, 150 гр мајонез.
Сварете го компирот, олупете го и потоа изрендајте го. Додадете сол и бибер. Наредете ја по ред ренданата шунка, ренданиот компир, сирењето и јајцата. А измеѓу секој слој премачкајте го со мешавина од мајонез и павлака. Украсете со рендани јајца.
Полнети јајца
Преостанатите јајца можете да ги наполните така што жолчките ќе ги измешате со една од следните состојки.
Комбинација 1
малку мајонез, сенф и сечкана шунка
Комбинација 2
малку павлака или топено сирење, ситно сечкани маслинки
Комбинација 3
ситно сечкани кисели краставички, чајна, измешани со крем сирење и магдонос.
Пикантни јајца
Потребни се: 6-8 јајца, 250 гр фета сирење, 1 црвен пипер, 1 лажичка лут пипер – можеби помалку, 1 дцл павлака, рукола
Подготовка: Јајцата пресечете ги на половина, внимавајќи да не се скинат белките за потоа да имате убави „чамци“. Изгмечете го фета сирењето со вилушка, додадете ги жолчките кои исто така сте ги изгмечиле, пиперот и павлаката. Оваа смеса треба да биде кремаста. Наполнете ги јајцата со смесата со мала лажица. Украсете со рукола.