По дождот сонце, па нов пресврт – Времето за цела недела

Loading...

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер.
Утре ќе биде сончево со умерена облачност и малку потопло. Во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време, во првите два дена посвежо, а потоа со пораст на температурата. Врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне, претежно во јужните делови од земјава.

loading...