По стариот рецепт на нашите баби: Избелете ги кујнските крпи без машина за перење

Во само неколку чекори, крпите ќе добри како нови.Дури и по неколку употреби, кујнските крпи ја губат својата белина и колку и да се трудите, некои дамки едноставно тешко се отстрануваат.

За среќа, постои рецепт од нашите баби кој ги отстранува сите нечистотии.
Што ви е потребно:
Едно големо тенџере од 10 литри полно со вода
Две лажици масло за јадење
Пет лажици избелувач за алишта
Една чаша прашок за перење
Две лажици прашок за пециво

Постапка:
Прво загрејте ја водата во тенџерето да зоврие, а потоа исклучете го шпоретот. Измешајте ги сите состојки, истурете ги во водата и ставете ги крпите. Покријте го садот и оставете ја водата да се излади. Потоа извадете ги крпите, малку истријте ги и исплакнете.
Можете да ги потопите и во леген со чиста вода во која сте раствориле две лажици сода бикарбона и оставете ги неколку часа. Резултатите сигурно ќе ве воодушеват!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.