Десетгодишното девојче, Лора Банева, ќерка на бугарскиот наркобос, Евелин Банев викан Брандо, која беше киднапирана пред 47 дена, ослободена е во недела вечер.
Киднаперите ја оставиле на околу 50 метри од една полициска станица во Софија, а бугарските медиуми јавија дека за ослободувањето на Лора исплатени се 500.000 евра на киднаперите.
Заменикот-министер за внатрешни работи на Бугарија, Филип Гунев, изјави дека девојчето е ослободено, но одби да коментира за други детали.
Полицијата продолжува со потрагата по „голфот”, со кој синоќа била довезена Лора.
Киднапирањето се случи на почетокот на март во софискиот кварт Бојана, кога девојчето со обезбедување излезе од дома, а киднаперите и го попречија патот, пукаа и ја одвлекоа со автомобил „БМВ”.
Во куќата девојчето живее со мајка и, поранешна сопруга на Евелин Банев, кој судот во Софија кон средината на февруари го осуди на седум и пол години затвор за организирање криминални групи и перење пари.
Судот донесе одлука и за одземање 10,5 милиони евра стекнати со перење пари.
Наркобосот е уапсен на 16 мај лани, во бугарскиот град Созопол во рамки на меѓународната акција `кралеви на кокаинот`. Во меѓувреме, бугарските власти го предадоа Банев на италијанското правосудство, кое против него води судски процес, а него го бара и швајцарската и романската полиција.
Десетгодишното девојче, Лора Банева, ќерка на бугарскиот наркобос, Евелин Банев викан Брандо, која беше киднапирана пр