Откако возилото експлодираше на мостот што ги поврзува САД и Канада, се огласи и ФБИ.
Гувернерот на државата Њујорк исто така потврди дека имало инцидент на мостот Виножито во Нијагарините водопади и дека властите внимателно ја следат ситуацијата. Мостот ги поврзува двете земји преку реката Нијагара.
- Зошто честите моменти на среќа се важни за емоционалната благосостојба и социјалното поврзување на децата
- Родителите на загинатите во „Пулс“ го напуштија денешното рочиште по барањето на одбраната за изземање на обвинителката Сарамандова
- Мицкоски: Соседна држава шири теза ЕУ да ни ја сопре помошта за да прифатиме се
- Хорор во Пакистан: Французинка и пет деца се држат во заробеништво од сопругот повеќе од 10 години
- 12 бугарски државјани приведени во Тетово поради кршење на Законот за странци
- Државните агенции се на лице место и подготвени да помогнат – беше речено.
Локалните медиуми претходно објавија дека сите четири меѓународни гранични премини меѓу САД и Канада во западен Њујорк биле затворени во средата поради инцидентот.
Сликите и видеата, наводно, од граничниот пункт покажуваат пламен и автомобилски делови на земја.
Се огласи и од канцеларијата на надлежното ФБИ во Бафало.
- Канцеларијата на ФБИ во Бафало истражува експлозија на возило на мостот Виножито, граничниот премин САД-Канада во Нијагарините водопади. ФБИ координира со локални, државни и федерални партнери за спроведување на законот во оваа истрага. Бидејќи оваа ситуација е многу флуидна, тоа е се што можеме да кажеме во моментов – се вели во соопштението.



