Превкусен и здрав – Сладолед од авокадо

Loading...

2 зрели авокада
8 лажици млеко
4 лажици шеќер во прав
2 лажици какао
60 г црно чоколадо
2 лажици кокосово масло
Авокадото исечкајте го на парчиња, ставете ги во блендер и миксајте додека не добиете кремаста смеса. Потоа додадете ги млекото, шеќерот и какаото, и продолжете да миксате уште неколку минути.
Чоколадото растопете го на пареа со кокосовото масло, непрекинато мешајќи. Растопеното чоколадо додадете го во блендерот и се заедно добро измиксајте. Ставете ја смесата во сад и оставете ја во замрзнувач најмалку три часа.

 

loading...