Книгата на Синиша Михајловиќ „Утакмица живота“ излезе од печат во 2020 година, а во неа легендарниот српски фудбалер откри нешта непознати дотогаш.
Михајловиќ наведува дека се започнало кога Клеопатра му ја предвидела иднината на неговиот соиграч Владан Лукиќ, кој и донел фотографија од шампионскиот тим на Црвена звезда во која бил и Синиша. Подоцна, како што стои во книгата, Лукиќ му ги пренел на Михајловиќ зборовите на Клеопатра, која му рекла дека Синиша ќе се разболи во подоцнежниот живот.
– За една недела ќе доживее несреќа, по што ќе има сериозни проблеми дома – наводно му рекла Клеопатра на Лукиќ покажувајќи со прст кон Михајловиќ.
Синиша не верувал во ставовите на јасновидката што му ги кажал Лукиќ. Но, се се променило кога четири дена подоцна доживеал сообраќајна несреќа. Во неговиот автомобил удрило уште едно возило, но се завршило без поголеми последици.
Се сетил и на нејзините зборови за проблемите дома кога се скарал со родителите, а татко му страдал од несоница. Потоа сериозно ги сфатил можностите на Клеопатра и решил да и се обрати дали е маѓепсан од жена. Таа го советувала добро да ја пребара куќата, а тој нашол крпа со завиткани клинци и гранчиња со влакна завиткани околу неа.
– Сето ова е поради расправија со семејството и пријателите. За неа тие се непријатели. Не ја пуштајте во куќата и не прифаќајте никакви подароци од неа – ова го советувала Клеопатра – наведува Михајловиќ во книгата.
Но, ова не биле единствените пророштва што ги добил:
– Твоите родители никогаш нема да се вратат во родната куќа (за време на војната го напуштиле родното Борово).
– Некој од вашето семејство ќе носи униформа (брат полицаец).
– Ќе имаш многу деца, повеќе од четири, но едното нема да живее со тебе (најстариот син на Михајловиќ, Марко, живее со мајка му, додека има пет деца од бракот со Аријана).
– Ќе играш во Италија и ќе останеш таму уште долго.
Синиша два пати ја победуваше болеста, ја победуваше а таа му се враќаше. За жал, Синиша не успеа да ја победи трет пат порочната болест и почина вчера во Рим.
Во јули 2019 година, Михајловиќ објави дека има леукемија, која по серија хемотерапии и трансплантација на коскена срцевина, успеа да ја победи во април 2020 година.
За жал, болеста на Михајловиќ се врати и тој не можеше да ја добие најважната битка во животот.
– Ја почувствував неговата здравствена состојба, чувствував дека е лош и затоа дојдов во Светата земја да се помолам за него. Кога пред толкугодини можев да предвидам дека тешко ќе се разболи, секако дека уште сега знаев за ново влошување. Решив да го поминам целиот велигденски пост во светата земја Исусова. Одам на молитви наутро, напладне и навечер. Многу се плашам за неговото здравје. Сакам само да биде добро – изјави пред неколку месеци Клеопатра.
Таа се присетила на средбата со Синиша, која се случила пред повеќе од три децении кога му предвидувала големи семејни трагедии, но и колку деца ќе има, колку пари ќе заработи и што ќе постигне во кариерата.
– Му кажав колку деца ќе има, но и дека една жена ќе му направи магија. Секогаш бил доблесен, инфантилен, незрел, а девојките во тоа време лудувале по него. Така Синиша беше и на почетокот на кариерата кога живееше под кирија, а подоцна и кога се прослави и се збогати.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.