Предлог за ручек: Лигњи со зеленчук

Потребни состојки:
1 зелена пиперка
1 црвена пиперка
1 тиквичка
1 кромид
200 г лигњи
Половина лимон
Магдонос
Маслиново масло
Зачини по желба
Соја сос
Сол
2 чешниња лук
Начин на подготовка:
Исечкајте го зеленчукот и зачинете го по вкус, па пропржете го на маслиново масло 10-12 минути. Извадете го зеленчукот од тава и во истата тава ставете ги лигњите. Додадете соја сос и сув зачин. Пржете околу 10 минути. Направете го преливот за лигњи со тоа што ќе го исечкате лукот и магдоносот, ќе исцедите половина лимон, па соединете ги состојките и додадете маслиново масло и малку сол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.