Експертите веќе долго време предупредуваат дека прекумерната телесна тежина е главен фактор на ризик од коронавирусот.
Сепак, сега здравствените експерти стравуваат дека потенцијалната вакцина можеби нема да може да ги заштитат дебелите луѓе, а со тоа и општата популација.
Претходните студии откриле дека вакцините се помалку ефикасни во случај на разни вируси, како и хепатитис Б кај крупните возрасни лица, што ги прави повеќе склони кон болести и тешки компликации како што се слабост на органи и смрт.
-Важно е прашањето дали вакцината ќе биде ефикасна кај овие луѓе. Можеби ќе функционира, но не е толку ефикасно- кажуава д-р Чад Петит од Универзитетот Алабама.
Сепак, д-р Петит верува дека е подобро од ништо, и дека дебелите луѓе дефинитивно треба да ја примат вакцината, иако можеби нема да е толку ефикасна како оние што се послаби.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.