Пред легнување курдисајте ги часовниците

Утре во 3 часот наутро почнува зимското, а завршува летното сметање на времето. Со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.
Стрелките вечерва или утре наутро ќе се поместат и во земјите на Европската Унија, која неодамна усвои одлука да се укине промената на времето. Според предлогот, секоја членка на ЕУ до април 2019 година треба да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето. Последно задолжително поместување на времето на летно сметање ќе биде на 31 март 2019 година, а членките што сакаат да се вратат на зимското сметање на времето би можело тоа да го направат уште еднаш на 27 октомври 2019 година.
Причина за поведување на иницијативата во европските земји за укинување на промената на времето беа негативните последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.