Прекрасен турски специјалитет без месо

Овој познат турски специјалитет, кој во превод значи – имамот пукнал, е особено омилен на оние кои сакаат јадења без месо.
За вкусот говори и самото име на јадењето. На имамот толку му се допаднал што се прејал и пукнал, а вие за да се уверите ќе мора да го пробате.
Имам бајалди
4 модри патлиџан
2 зелени пиперки
2 домати
1 главица кромид
200 г кашкавал
магдонос,масло, сол и мелен црн пипер по вкус
Модрите патлиџани исечете ги на ½ по должина, издлабете ги и испржете ги.
На масло испржете го исечканиот кромид, и додадете ги коцките пиперки и внатрешните делови на модрите патлиџани.
Потоа додадете ги коцките домати и ситно исечканиот магдонос, и зачинете.
Со филот наполнете ги половинките модри патлиџани и наредете ги во тава за печење. Наросете со рендан кашкавал и печете 20 минути на 180 степени.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.