Четири средношколки од Скопје завршиле на информативен разговор со полициски службеници поради закани кон нивна соученичка.
Една 18-годишна и три 17-годишни средношколки преку „Тик-ток“ ѝ се заканувале на соученичката, која го пријавила случајот во полиција.
-На 05.05.2023 полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица, соопшти МВР.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.