Премногу јадете за време на ПМС? Испробајте една од овие 6 техники за да престанете на време!

Специфичното расположение за време на ПМС често е придружено со силна потреба за внесување храна. Компулсивно или емоционално прејадување подразбира неконтролирано внесување на големи количини на храна, дури и кога личноста воопшто не е гладна, а тоа често се случува во овој период.
Во екстремни случаи, компулсивно прејадување може да прерасне во опсесивно-компулсивно нарушување, што е официјална дијагноза и медицински третман. Станува збор за сериозно пореметување кое може да влијае на појавата на други болести, па затоа е неопходен негов медицински третман. За време на предменструалниот синдром, жените често јадат кога не се гладни, па дури и додека се чувствуваат сити. Конзумираат премногу храна, а после тоа чувствуваат големо каење. Често јадат тајно, за да не им судат другите.
За среќа, овој процес може да се запре. Со тоа се спречуваат можните здравствени последици кои може да ги предизвика прејадувањето. Важно е да препознаете дека имате проблем, да го прифатите и да се справите со него. Ако сметате дека ви треба стручна помош, побарајте ја без никакво двоумење.


Јадете паметно
Се препорачува да водите дневник за исхрана. Пресметајте колку калории внесувате во вашето тело во текот на денот. Тоа може да биде отрезнувачки за вас. Во текот на месецот внимавајте на храната што ја консумирате. Нека и за време на ПМС таа биде здрава и хранливо богата.
Јадете уште попаметно
Наместо да јадете кифла или смути за ужина, изберете овошје или пијте цеден сок или билен чај.
Не прескокнувајте оброци
Честопати жените, доколку се прејадат, ја прескокнуваат вечерата, мислејќи дека така ќе го избалансираат нивото на калории. Сепак, драги дами, нередовните оброци се можеби најголемата грешка што ја правите, како за вашето здравје, така и за вашата фигура. Покрај тоа, брзо ќе почувствувате глад, па ќе бидете нерасположени. Одредете го бројот и времето на оброците и придржувајте се до нив.
Пијте доволно вода
Неопходно е да се пијат доволно течности во текот на денот. Едно истражување покажа дека пиењето половина литар вода пред оброк го намалува внесот на калории за 13 проценти.
Јадете влакна
Диететските влакна побавно се варат, го продолжуваат чувството на ситост, но и го намалуваат апетитот. Ова го ограничува и внесот на калории. Како што храната со влакна се вари подолго, гликозата побавно влегува во крвотокот, така нема ненадеен прилив на шеќер во крвта.
Бидете свесни за моментот во кој се наоѓате
Обрнувањето внимание на сегашниот момент, свесните медитации и целосната свесност, се познати како „mindfulness“. Тоа, меѓу другото, значи дека телото се слуша и дека неговите потреби се задоволуваат во вистинско време. Оваа техника може да ви помогне да избегнете прејадување, односно да не јадете кога сте сити.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.