Филмовите номинирани за најпрестижната филмска награда Оскар во категоријата најдобар филм на годината, веќе се вброија меѓу најгледаните во минатата 2012 година со вкупна заработка од две милијарди американски долари.
Деветте конкуренти за Оскарот за најдобар филм ја заработиле вкупно оваа сума од продажба на влезниците за нивните проекции, на една седмица од свеченото доделување на наградите коешто ќе се одржи на 24-ти февруари во Лос Анџелес.
Шест од нив, меѓу кои се и фаворитите „Argo” и „Lincoln” достигнале најмалку по 100 милиони долари заработка секој нa домашниот американски пазар и соседниот канадски пазар.
Пред една година, само еден кандидат, драмата „Слугинки” достигна 100 милиони американскиот пазар, според процените на интернет страницата Box Office Mojo. Победникот, францускиот нем филм снимен во црно-бела техника „Уметникот”, заработи само 45 милиони долари на северноамериканскиот пазар во текот на неговото вкупно прикажување во кината.
Глобалната продажба за минатогодишните девет конкурентни за Оскарот за најдобар филм, достигна 1,2 милијарди долари, дури и по доделувањето на Оскарите и од тоа добиениот публицитет.
Вклучувањето на комерцијално успешните филмови во трката по најпрестижната награда е сторено делумно и со умисла. Имено американската Академија за филмски уметности и науки (AMPАS) којашто ги доделува Оскарите, е критикувана дека ги фаворизира уметничките филмови за возрасни кои ги гледаат малку луѓе кинејќи ја врската со помладите кои сакат акциски хитови.
Во 2009 година Академијата одлучи да воведе десет меѓу пет номинации за најдобар филм, а таа промена создаде можност аза повеќе филмови со поголема гледачка публика.
Макфакс
Филмовите номинирани за најпрестижната филмска награда Оскар во категоријата најдобар филм на годината, веќе се вброиј