среда, 25 ноември 2026
Најново

Во паркот во Ченто три скулптури од отпадно железо

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Викендов во паркот во скопската населба Методија Андонов Ченто осамнаа три скулптури на праисториски животни во природна големина. Изработени се од отпадно железо и се дело на академскиот скулптор Андреј Миневски. Изложбата насловена „Од граѓаните за градот“ ќе биде поставена во наредните 30 денови, а ова е само уште еден доказ дека кога човек има визија, креативност и желба за работа од ништо може да направи нешто.
Академскиот скулптор Миневски е роден во Скопје во 1992. година. Средно образование завршил во училиштето за уметност и дизајн „Лазар Личеноски” во Скопје, за во 2013. година да дипломира на Факултетот за ликовни уметности на отсекот вајарство во класата на професорот Исмет Рамиќевиќ. Иако Миневски изработува скулптура од различни видови материјали, во металот го гледа сопствениот уметнички израз и креативност. Ова е негова втора самостојна изложба на скулптури од отпадно железо, а учествувал на повеќе групни изложби и колонии во земјава и надвор од неа.

Поврзани вести