Државниот балет на мраз од Санкт Петербург на 1. декември во Скопје

На сцената на Македонската Опера и Балет, Државниот балет на мраз од Санкт Петербург на 1. декември повторно доаѓа, овојпат со изведба на претставата „Заспаната Убавица“ од Петар И. Чајковски. Станува збор за балетски спектакл на мраз што Државниот балет од Санкт Петербург го изедува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.
Премиерата е со почеток во 19ч и истата е речиси целосно распродадена, па поради големиот интерес закажана е уште една претстава за истиот ден, со почеток во 21.30ч.
Државниот балет на мраз за прв пат гостуваше во Скопје во 2016 год.,  со изведба на познатото балетско ремек-дело “Лебедово Езеро” и побуди голем интерес кај македонската публика. И тогаш наместо планираните две претстави во МОБ, се одржаа четири, кои беа наградени со громогласни аплаузи и овации. Минатата година со ист интерес кај македонската публика, беше изведена “Оревокршачка” на мраз.
Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 година од извонредниот кореограф Константин Бојарски, поранешен солист на светски познатиот балет „Марински“ и школски другар на славниот Рудолф Нуреев. Во балетската компанија има повеќе од дваесет танчари што имаат титули во уметничко лизгање. Од 1995 година балетот на мраз од Санкт Петербург игра и на сцените на светските оперски и балетски куќи. На нивниот репертоар се познатите балети на Петар И. Чајковски – „Заспаната убавица“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и балетите „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.
Билетите за втората претстава на “Заспаната убавица” на мраз, ќе бидат пуштени во продажба од четврток (18.10.2018 год.) и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, Билетарата на МОБ, “Пола Југотон” и Цвеќара “Розе” – Веро 2.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.